Политика за поврат на средства
(за нарачки преку интернет)
1. Општи одредби
Оваа Политика за поврат на средства ги регулира условите под кои купувачите имаат право на поврат на средства за производи нарачани преку интернет.
2. Поврат на средства за недоставени производи
За сите производи со вредност до 30.000 денари кои не се доставени до купувачот, следува целосен поврат на уплатените средства.
Повратот се врши по утврдување дека пратката не е испорачана и дека купувачот нема примено производ.
3. Откажување на нарачка во рок од 48 часа
Купувачот има право да ја откаже својата нарачка во рок од 48 часа од моментот на потврда на нарачката, без дополнителни трошоци.
За да биде валидно откажувањето, купувачот треба:
- Да испрати известување по е-пошта во кое јасно ќе наведе дека ја откажува нарачката.
- Да ги наведе бројот на нарачката и своите податоци за идентификација.
По прием и потврда на барањето, ќе следува целосен поврат на средствата.
4. Начин и рок на поврат
5. Контакт
Политика за рефундирање – Производи со фабричка или техничка фалинка
1. Основ за рефундирање
2. Начин на комуникација
Целокупната постапка се одвива исклучиво по писмен пат, преку е-пошта, со цел обезбедување јасна евиденција, транспарентност и правна сигурност на процесот.
Секој купувач при извршување на купувањето добива сопствен ИД број на нарачка, кој служи за идентификација и следење на постапката.
3. Поднесување на барање
Купувачот е должен при поднесување на барање за рекламација да:
- го наведе својот ИД број на нарачка,
- достави деталeн опис на проблемот,
- приложи фотографии или друга релевантна документација.
По приемот на барањето, компанијата испраќа потврда за прием и информации за понатамошните чекори.